Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украина ќе и претстави конкретни мерки на Русија на вториот мировен самит

Zelenski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

– Украина на вториот мировен самит ќе и претстави на Русија конкретни мерки за постигнување мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави синоќа во Швајцарија претседателот на Украина Володимир Зеленски на глобалната мировна конференција за Украина.

Зборувајќи на пленарниот состанок на самитот, Зеленски им рече на присутните дека Русија не е заинтересирана за мир и дека учесниците на самитот треба заедно да одлучат како да постигнат мир „на вистински траен начин“ и во согласност со Повелбата на ОН, објавија украинските медиуми.

-Кога планот за акција ќе биде на маса, договорен од сите и транспарентен за сите, тогаш тој ќе биде доставен до претставниците на Русија, за на вториот мировен самит да го означиме вистинскиот крај на војната, рече Зеленски.

На мировниот самит што се одржува во градот Бургеншток, недалеку од Луцерн, присуствуваат над 100 претставници на земји и меѓународни организации.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп