Утрински Весник
Македонија

Собранието ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела

Sobranie.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

– Собранието на денешната трета седница ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела.

Одлуката за утврдувањето на бројот на потпретседатели на Собранието гласаа 84 пратеници. Собранието има пет потпретседатели.

Деведесет и еден пратеник гласаа „за“ утврдување на одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Северна Македонија, односно формирање на собраниските комисии – Комисијата за уставни прашања; Законодавно-правната комисија; Комисијата одбрана и безбедност; Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците; Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија; Комисијата за европски прашања; Комисијата за европски прашања; Комисијата за прашања на изборите и именувањата; Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на грашанинот; Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање; Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите; Комисијата за финансирање и буџет; Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика; Комисијата за земјоделство, шумартсво и водостопанство; Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање; Комисијата за образование, наука и спорт; Комисијата за култура и туризам; Комисијата за здравство; Комисијата за социјална политика, демографија и млади; Комисијата за локална самоуправа; Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за деловнички и манднатно-имунитетни прашања.

По гласањето на првата точка, пратениците од „Европскиот фронт“ ја напуштија собраниската сала

Можете да прочитате

Полицијата заплени над 25 тони пиротехника кај Градско, приведен и полициски службеник од Скопје

Преку социјална мрежа измами маж од Гостивар за 2.000 евра

Мицкоски: Очекувам јавен обвинител да се позанимава со кривичните пријави во фиоките на обвинителите, народот бара правда