Утрински Весник
Спорт

Надал го пропушта Вимблдон поради ОИ: Шпанецот не сака да ризикува со повреда пред Париз

20240613105638 Big 730x400 75.webp.webp
Dik 300x250 mk

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал (38) одлучи да не игра на претстојниот Вимблдон за да се подготви што подобро за Олимписките игри во лето.

Давид Ферер, селекторот на шпанската Дејвис куп репрезентација, изјави дека Надал ќе игра заедно со Карлос Алкараз во конкуренција на двојки на Олимписките игри во Париз (27 јули – 4 август), па целиот фокус на „матадорот од Мајорка“ е на тоа.

Бидејќи ова е веројатно последна сезона во неговата кариера, Надал реши да не ризикува со Вимблдон (1-14 јули) и со „опасната“ тревна подлога за дополнително да не ја влоши состојбата на колкот, туку ќе го искористи преостанатиот месец и половина за одмор и можеби некои помали турнири за да се подготви за Париз.

Да потсетиме, Надал има два олимписки златни медали, едниот го освои во поединечна конкуренција во Пекинг 2008 година, а другиот во двојки со Марко Лопез од Рио во 2016 година.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс