Утрински Весник
Македонија

Храби македонки: Силјановска ја наследи Петровска – поддршката за за Украина нема да запре

2 Gorsel Galerisi.png

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во Берлин, во рамките на учеството на конференцијата за обнова на Украина, се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади, на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а свое обраќање имаше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, Естонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија.

Во обраќањето претседателката Силјановска-Давкова рече дека по Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес е неопходен нов вид „Маршалов план“ за разрушената Украина.

Според претседателката, неопходно е инвестирање не само во патната и енергетската инфраструктура туку и во човечката, образовната, социјалната и нормативната инфраструктура.

На сесијата позитивно беше оценета постојната заедничка европска позиција дека треба да продолжи сеопфатната помош за Украина.

Претходно, претседателката Силјановска-Давкова присуствуваше на отворањето на конференцијата, на кое свои обраќања имаа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина.

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“