Утрински Весник
Свет

Иран: САД не сакаат прекин на огнот во Газа

Gaza1 1.jpg

Иранските власти денеска ја обвинија администрацијата на Соединетите Американски Држави дека не е искрена и сериозна во однос на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Кенани изјави дека неодамнешниот израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат во Газа, во кој, според палестинските власти, беа убиени неколку стотици палестински цивили, е „сурово и нехумано злосторство“.

– Има информации дека американските и британските сили имале улога во оваа операција. Тоа значи дека во операцијата биле убиени повеќе од 700 невини Палестинци, рекол Кенани

Можете да прочитате

Москва не сака прекин на огнот со Украина: „Нема основа за полусрдечни решенија“

САД издадоа предупредување за патувања во Германија

Дрон влегол во латвискиот воздушен простор, НАТО го соборил