Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, попладне наместа дожд и грмежи

Vreme 1.webp.webp

Сончево и многу топло ќе биде денеска времето. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност ќе биде и во главниот град на државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Синоптичарите најавуваат многу топло време до среда. Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Исчезна шеснаесетгодишна девојка од Скопје

Насилници со метални предмети истепале малолетници кои биле на екскурзија во Сарај

Ужас во Македонија: Пријавено е дека било силувано 14 годишно девојче кое се водело за исчезнато