Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ станува изолирана партија

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДСМ полека станува изолирана партија. Тие не поддржаа системски закон, иако огромното двотретинско мнозинство на пратеници во Собранието изгласаа закон со што се покажа дека ВМРО ДПМНЕ за важните прашања има капацитет да води политички процес и да обезбеди поддршка. 

Од друга страна СДСМ се самоизолира и покажа дека е против државните интереси. Да беше тендер сигурно ќе го поддржеа, но системски закони не. 

Нормално против беше Венко Филипче кој да беше тендер на Пановски веднаш ќе го поддржеше исто како кога беше министер. Исто како и Славјанка Петровска која во својата кариера е позната по гафови и несреќни изјави. Тие од трката за лидер на СДСМ направија пародија и низ призмата на нивната борба носат одлуки во Собранието. 

За среќа овие ликови народот ги прати во историјата на последните избори. Потребно е сега да се соочат и со одговорност.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Викендов сончево и малку посвежо време

Жерновски до Милошоски: „Џуџето од Кичево заедно со Џамбаски одел на гробот на Тодор Александров и го веел бугарското знаме“