Утрински Весник
Свет

Пребегнати Корејци повторно пратија летоци во Северна Кореја

20240608132517 Big 730x400 51.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Група луѓе кои пребегнале од Северна Кореја во Јужна Кореја денеска испратија повеќе пропагандни летоци на север, иако Пјонгјанг неодамна одговори на таквите акции со испраќање балони со смет преку граница.

Севернокорејска дезертерска група соопшти дека испратила 10 големи балони на север со околу 200.000 летоци во кои се критикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесува Јонхап.

Покрај тоа, USB мемориски стикови беа испратени со говорот на јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јул на 1 март по повод Денот на независноста, како и пораки од американските конгресмени до севернокорејскиот народ. 

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија