Утрински Весник
Свет

Фицо: Неопходно е да се изберат пратеници во Европскиот парламент кои го поддржуваат мирот, Словачка нема да се впушта во воени авантури

20240608113343 Big 730x400 40.webp.webp

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека на денешните избори за Европскиот парламент (ЕП) е неопходно да се изберат пратеници кои ќе ги поддржат мировните иницијативи, а не продолжување на војната во Украина.

Откако гласаше на изборите за ЕП во болница, тој рече дека „Словачка нема да биде вовлечена во воените авантури на одредени западни земји кои се согласија Украина да го користи нивното оружје за цели во Русија“.

Фицо оцени дека ваквата одлука укажува на желбата на тие земји за ескалација на конфликтот.

Можете да прочитате

Најмалку 2.869 луѓе досега убиени во израелските напади врз Либан

Трамп: Сè уште верувам во мир со иранското раководство

Пукање во Ница, има убиени и ранети