Утрински Весник
Свет

Руската окупациска администрација соопшти дека 19 селани се убиени во Херсон

20240608084109 Big 730x400 86.webp.webp

Според руската окупациска администрација, 19 лица се убиени во украинското гранатирање на окупирано село во јужниот регион Херсон, јави ДПА.

Шефот на администрацијата за регионот, назначен од Русија, Владимир Салдо, вчера на Телеграм напиша дека во селото Садове била погодена продавница полна со луѓе. Повредени се и пет лица. Тој прикачи фотографии на својата објава.

Нема независна потврда за инцидентот.

Ако бројките се точни, тоа би бил еден од најразорните напади на украинската армија на сопствена територија под странска управа во повеќе од две години руска агресија.

Садове се наоѓа на јужниот брег на реката Дњепар непосредно пред да се влее во Црното Море. Тој е во можен дострел на артилерија или ракети на северниот брег на Дњепар, контролиран од Украина. Сепак, нема извештаи за пожари во регионот.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж