Утрински Весник
Свет

Макрон: Франција на Украина ќе и испрати борбени авиони „Мираж“

20240607075052 Big 730x400 43.webp.webp

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа соопшти дека неговата земја ќе ѝ испрати на Украина борбени авиони „Мираж“, а француската армија ќе ги обучува украинските пилоти.

Макрон повтори дека на Украина треба да ѝ се дозволи да користи оружје обезбедено од нејзините западни сојузници за да ги гаѓа руските воени цели и да ги „неутрализира точките од кои земјата се напаѓа“.

Украина се бори да го запре неодамнешниот руски напредок во источните региони Харков и Доњецк. Офанзивата има за цел да го искористи недостигот на муниција и војници во Киев долж линијата на фронтот од околу 1.000 километри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера присуствуваше на комеморацијата за сојузничката инвазија на Нормандија во 1944 година со светските лидери во Франција и повторно побара дополнителна помош од Западот.

Зеленски и неговата сопруга Олена денеска ќе се сретнат со француските претставници во Париз.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30