Утрински Весник
Свет

Кандидат на АфД на европските избори ранет со нож во Мајнхајм

20240605110658 Big 730x400 12.webp.webp

Кандидат на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на европските избори е избоден со нож во градот Мајнхајм, само неколку дена откако еден полицаец беше убиен, а друг и уште пет лица беа повредени во напад со нож во истиот град.

Нападот со нож се случил доцна синоќа во близина на истиот пазар каде во петокот се случи претходниот напад, јави ДПА.

Агенцијата јави дека кандидатот на АфД, кој не е именуван, наводно фатил некој кој се обидувал да искине изборен плакат и кога се соочил со лицето, бил нападнат со нож.

Локалниот политичар се уште е во болница со повреди кои не се опасни по живот. Полицијата најави дека повеќе информации ќе соопшти подоцна и оти истрагата е во тек. 

Можете да прочитате

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

Италијанските аеродроми се соочуваат со недостиг на гориво поради војната со Иран