Утрински Весник
Свет

Напад на американската амбасада во близина на Бејрут

Amerikanski Vojnici.jpg

Либанската армија во средата соопшти дека вооружен маж се обидел да ја нападне американската амбасада во близина на Бејрут, пренесува АП.

Во соопштението на либанската армија се наведува дека војниците го застрелале напаѓачот, кого го опишале само како сириски државјанин. Напаѓачот е ранет и пренесен во болница.

Локалните медиуми јавија дека во предградието Аукар, северно од Бејрут, дошло до пукање кое траело речиси половина час.

Американската амбасада соопшти дека утринскиот напад на влезот на амбасадата не предизвикал жртви меѓу нејзиниот персонал и дека либанските војници и обезбедувањето на амбасадата брзо се мобилизирале.

Либанската армија соопшти дека распоредила војници околу амбасадата и околните области.

Можете да прочитате

Холандија го повика рускиот амбасадор по нанесени штети врз амбасадата во Киев

Највисокиот суд на ОН пресуди дека Мјанмар е виновен за геноцид врз муслиманите Рохинџи

Светското производство на вино во 2026 година блиску до рекордно ниско ниво поради климатските промени