Утрински Весник
Македонија

114 санкционирани возачи во Скопје, 13 без возачка

1713595672 Sankcionirani Vozachi 1.webp.webp

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!

СДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги копачат насадите – власта не носи мерки