Утрински Весник
Македонија

Само вчера тројца скопјани каснати од улични кучиња – едно е дете

Kuce.jpg

Малолетник бил каснат од улично куче во скопски Аеродром.

– На 02.06.2024 во 09.35 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.П.П.(57) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираа од полицијата.

Имало уште две пријави за каснувања од улични кучиња.

– На 02.06.2024 во 08.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

– Денеска (03.06.2024) во 08.15 часот во Полициската станица Карпош, М.Н.(68) од Скопје пријавил дека на ул.„Франце Прешерн“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале