Утрински Весник
Македонија

КОНЕЧНО ПРЕУБАВИ METEO ВЕСТИ: Од утре постабилна атмосфера – Ќе одмориме од временските непогоди

Download 33.jpg
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Конечно од утре во Македонија ќе имаме значително постабилна атмосфера, а времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските предели.

И во Скопскиот регион од утре времето ќе биде многу постабилно и со многу повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Што се однесува до температурите, тие во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35  степени, додека во централните  и во југоисточните предели тие локално би можеле да надминат  и 35 степени.

Во Скопје во следните денови максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31-32 степени. Се на се, и во наредниот период ќе бидеме под влијание на оваа топла воздушна маса која продира од Африка.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови