Утрински Весник
Магазин

Нутриционистите тврдат: Овие јаткасти плодови помагаат против запек

Befunky 2024 4 5 21 59 41.jpg

Ви треба мала помош со редовноста на столицата? Обидете се да додадете грст од овие јаткасти плодови во вашата дневна исхрана за да ги покренете работите.

Влакната се многу важни за редовно извршување на нуждата, а еден од најдобрите начини за внесување влакна во организмот е преку храната. Според Упатствата за исхрана за Американците, треба да се стремите да консумирате 22 до 34 грама влакна дневно, во зависност од вашиот пол и возраст.

Диететичарките Анет Снајдер и Ејми Пендлтон Кеј издвоија еден од најдобрите видови јаткасти плодови кој ќе осигура редовно празнење на цревата и ќе ги спречи проблемите со запекот.

– Консумирањето премалку или премногу влакна без пиење доволно течности може да доведе до запек. Влакната и водата работат заедно за да додадат тежина на столицата, што ѝ помага на гравитацијата да си ја заврши својата работа и овозможува полесен премин – порачува Снајдер.

Како најдобар вид на јаткасти плодови, диететичарките ги издвоија бадемите и открија три причини зошто треба да ги вклучиме во исхраната за да немаме проблеми со запекот.

Добар извор на магнезиум

Магнезиумот е важен минерал поради многу причини, а одличен е и за ублажување на запекот.

– Влакната, магнезиумот и другите антиоксиданти што се наоѓаат во бадемите можат да помогнат во поттикнување на подобро варење и здрав цревен микробиом. Здравата цревна флора со низа добри бактерии придонесува за подобро варење во целина, што помага да се спречи хроничен запек – посочува диететичарката Ејми Пендлтон Кеј.

Богати се со растителни влакна

Освен што содржат магнезиум, бадемите се и одличен извор на влакна. Диететичарката Кеј истакнува дека „храната со влакна е важна, бидејќи помага во омекнување на столицата и ја зголемува зачестеноста на празнењето на цревата, што доведува до подобрување на проблемот на оние кои страдаат од запек“.

Овие јаткасти плодови содржат растворливи и нерастворливи влакна. Секој од овие видови влакна е од суштинско значење за нормалното функционирање на цревата, а со тоа и за редовното извршување нужда.

Содржат висок удел на здрави масти

Јадењето здрави масти, исто така, може да помогне за доброто варење, се согласуваат диететичарите. Снајдер објаснува дека „мастите во исхраната можат да помогнат во ублажување на запекот со зголемување на силите на мускулните контракции кои ја туркаат фекалната материја надвор и го стимулираат дебелото црево да покрене празнење на цревата“.

Здравите масти во комбинација со влакна помагаат во одржување на заштитните цревни бактерии, пренесува „Да се јаде добро“ (Eating Well).

Извор: slobodenpecat.mk

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби