Утрински Весник
Скопје

Во Скопје ќе се одржи Вториот фестивал за домување

Park Na Frankofonija Kreativa.png

Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје денеска го организираат вториот фестивал за домување, со почеток во 12 часот во Паркот на франкофонијата во Скопје.

Како што соопштија организаторите, на овој настан ќе се отворат прашањата поврзани со домувањето и потребите на младите, пристапното и достапно домување, родовата перспектива во домувањето, правата на потстанарите, безбедноста и сигурноста во домувањето, одржливото домување, граѓанското учество во донесувањето одлуки, како и за многу други важни теми.

Предвидено е учество на експерти од Шведска, Германија, Белгија и Меѓународната унија на станари, кои во партнерство со ОДС развиваат соработка за унапредување на домувањето во Северна Македонија.

На фестивалот поканети се и претставници од Регулаторна комисија за домување, други релевантни институции, граѓански организации, претставници на младински и студентски организации, и други засегнати страни во процесот.

Можете да прочитате

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

Бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците од Кисела Вода под мотото „Спремни за средно!“