Утрински Весник
Спорт

Роналдо во солзи – Португалецот во агонија откако Ал Наср го загуби Купот

18703885.jpg

Солзите на Кристијано Роналдо откако со Ал Наср доживеа пораз во финалето во Купот го обиколија светот. Португалецот 18 месеци е во Ал Наср и се уште нема трофеј со овој клуб.

Драматичното финалето во Купот на кралот на Саудиска Арабија му припадна на Ал Хилал, кој по изведувањето пенали го победи Ал Наср со 5:4. Во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1. Натпреварот го одбележаа голем број на прекршоци и црвени картони.

Ал Хилал поведе со голот на Александар Митровиќ во 7. минута. Предноста на тој тим стана уште поголема кога во 56. минута голманот на Ал Наср, Давид Оспина доби црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот.

И кога се чинеше дека се ќе биде готово во регуларниот дел, во 87. минута стигна црвен картон за Ал Хилал, кој го доби Ал Булајхи. Само минута подоцна израмни Ал Наср преку Јахја. Но во 90.минута Ал Наср остана без Кулибали, а Ал Хилал остана со девет играчи на теренот.

И покрај тоа што финалето го заврши со играч помалку од противникот, Ал Хилал го освои пехарот благодарение на голманот Бону, кој одбрани два пенали во пенал драмата.

Ал Хилал на тој начин ја комплетираше тројната круна: првенството, Суперкупот и сега Купот на Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо, откако го постигна гол во пенал серијата не можеше да ја дочека серијата до крај. Кога дозна дека неговиот тим го загубил мечот за трофејот почна неконтролирано да плаче. Прво на клупата, а потоа се фрли на тревата. Соиграчите, тренерите и клупските челници се обидоа да го утешат, но безуспешно.

Роналдо (39) освои се, но родениот победник тешко се помирува со фактот дека по година и пол во Саудиска Арабија е без домашен трофеј. За клубот кој го донесе за околу 500 милиони долари, оваа сезона на 45 натпревари постигна дури 44 и забележа 13 асистенции.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024