Утрински Весник
Економија

Блок 2 на РЕК Битола синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем

Picture 996 660x500 1.jpg

Вечерва, во 20:53 часот Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем, сooпшти АД ЕСМ. -По целодневна, непрекината работа на вработените во ПE Термоелектрани на REK Битола, отстранети се последиците од испадот на блокот, предизвикани од силното невреме што вчера ја зафати Пелагонија и постројката е ставена во функција, стои во соопштението. Од компанијата додаваат дека согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи со работа со еден блок и во претстојниот период. -Изнесените наводи во соопштенија на различни партиски тела, пренесени во дел од медиумите, кои се однесуваат на причините за испадот на блоковите и за состојбите во РЕК Битола деновиве, не заслужуваат било каков коментар бидејќи не само што се апсолутно неточни, туку се и под секое ниво на комуникација во јавниот простор, стои во соопштението. Претходно, од АД ЕСМ за МИА потврдија дека во текот на вчерашниот ден, поради дефект на Блок 2 на РЕК Битола, комбинатот не произведува струја и оти се работи на отстранување на причината за испад на блокот.

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм