Утрински Весник
Скопје

На вториот фестивал за домување во Скопје ќе се отворат прашања поврзани со потребите на младите 

Park Na Frankofonija Kreativa.png
Dik 300x250 mk

Прганизацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје утре (сабота, 01.06.2024) година го организираат вториот фестивал за домување, со почеток во 12.00 часот во Паркот на франкофонијата во Скопје.  
На овој настан ќе се отворат прашањата поврзани со домувањето и потребите на младите, пристапното и достапно домување, родовата перспектива во домувањето, правата на потстанарите, безбедноста и сигурноста во домувањето, одржливото домување, граѓанското учество во донесувањето одлуки, како и за многу други важни теми.
Предвидено е учество на експерти од Шведска, Германија, Белгија и Меѓународната унија на станари, кои во партнерство со ОДС развиваат соработка за унапредување на домувањето во Северна Македонија. На фестивалот поканети се и претставници од Регулаторна комисија за домување, други релевантни институции, граѓански организации, претставници на младински и студентски организации, и други засегнати страни во процесот.

Можете да прочитате

Светлана Колариќ ќе претседава со Советот на општина Кисела Вода

Герасимовски ќе соработува со Среброва и Ивановска – потег што покажува зрелост и грижа за интересот на граѓаните

Мини „водна фонтана“ меѓу зградите предизвика поплава кај АЕК