Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Регионалната соработка на Западен Балкан е можна само ако опстојат доволен број прогресивни политички претставници и лидери

Marjan Zabrcanec 4 750x375 1.webp.webp

„Регионалните иницијативи може да бидат многу податливи за зелените политики, особено ако се има предвид дека зелените политики припаѓаат во спектарот на прогресивни и либерални политики. Имено, регионалната соработка на Западен Балкан е можна само ако во шесте држави има доволен обем претставници и лидери кои припаѓаат на прогресивните опции“ рече Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, во интервју за „Цивил медиа“.

Тој додаде дека регионалните инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, како што е инвестицијата во гасната централа и гасоводот Александропули, се пример за тоа дека соработката може да води до унапредена регионална зелена економија.

„Западен Балкан има капацитет да привлече големи енергетски инвестиции со кои ќе се користат сонцето и ветрот за производство на струја, како обновливи извори кои на овие простори ги имаме во изобилство“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека предуслов за тоа е регионот сѐ повеќе и повеќе да станува единствен пазар, да се отстрануваат економските бариери и граници и да се обезбедува што е можно повеќе слободен проток на луѓе, услуги, производи и стоки меѓу шесте држави, но и меѓу регионот и земјите членки на ЕУ.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)