Утрински Весник
Свет

Егзекуциите на смртна казна на највисоко ниво од 2015 година, рекордер Иран

259c901efc6e13c25c93.jpeg

Примната на смртната казна достигна највисоко ниво во светот од 2015 година, соопшти денеска организацијата за човекови права Амнести интернешенел.

Најмалку 1.153 луѓе биле егзекутирани во 2023 година во 16 земји, се вели во соопштението за печатот на Амнести. Бројката е зголемена за 31 отсто во однос на претходната година кога беа извршени 883 смртни казни.

Иран рекордер

Најмногу егзекуции – речиси три четвртини од вкупниот број во светот – беа извршени во Иран. Во таа земја во 2023 година биле погубени најмалку 853 лица, што е зголемување за 48 отсто во споредба со претходната година.

На второ место е Саудиска Арабија со 172 егзекуции, што претставува 15 отсто од вкупниот број во светот.

Сомалија и САД, исто така, забележаа зголемување на смртните казни минатата година на 38 и 24 соодветно.

Бројот на земји кои користат смртна казна падна на рекордно ниско ниво во 2023 година, откако земјите како Белорусија, Јапонија, Мјанмар и Јужен Судан не забележаа егзекуции.

Се зголеми бројот на нови изречени смртни казни

Сепак, бројот на нови смртни казни ширум светот во 2023 година се зголеми за 20 проценти на 2.428.

Смртната казна е укината, законски или во пракса, од 144 земји.

Џулија Духроу, генерален секретар на Амнести Интернешнл во Германија, го поздрави падот на бројот на земји кои користат смртна казна, но рече дека е загрижена од порастот на вкупниот број на егзекуции.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30