Утрински Весник
Свет

Иран: Новинарка осудена на 21 година затвор поради застапување за правата на жените

Image 870x 6652fb79decfb.jpg

Исламскиот револуционерен суд во Санандаи, западен Иран, ја осуди новинарката Зина Модареш Горџи на 21 година затвор за нејзиното застапување за правата на жените.

Судијата Мохамад Карами донесе поделена пресуда за случајот Горџи.

Се наведува дека Горџи добила десет години затвор за „формирање илегална група со цел соборување на режимот“ и уште десет за „соработка со непријателски групи и влади“, а дополнително добила една година за „пропаганда против режимот“.

Според иранските закони, најдолгата казна се извршува во случаи на повеќекратни казни, што значи дека Горџи ќе помине десет години во затвор. Но, после тоа судот нареди и десетгодишен егзил.

Нејзините поддржувачи велат дека пресудата официјално била објавена во четвртокот и нејзиниот адвокатски тим поднел жалба.

Адвокатите на Горји побараа повторно судење и ја оспоруваат, според нив, претерано остра и политички мотивирана пресуда која има за цел да ги заплаши гласовите во земјата.

Казната во егзил, велат аналитичарите, покажува колку далеку иранските власти се подготвени да одат за да го замолчат несогласувањето, по протестите низ целата земја поради смртта на Махса Амини во септември 2022 година во полициски притвор за наводно кршење на законот за хиџаб или шамија.

Горџи за прв пат беше приведен за време на протестите инспирирани од смртта на Амини.

По првичниот притвор од 40 дена за „собирање и договарање против системот“, Горџи беше привремено пуштена со кауција.

Таа беше повторно уапсена во април минатата година и помина околу еден месец во самица пред да биде префрлена во општото затворско одделение.

Во април, Горџи на Инстаграм изјави дека нејзината книжарница во Санандај била насилно затворена неколку дена од локалните власти поради наводно непочитување на законот за задолжителен хиџаб.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30