Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Покрај исклучени сали, на Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

Naum Stoilkovski 1 1.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Наум Стоилкоски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Здравството е пред колапс, прекинот на операции на Хирургија предизвика хаос во другите болници, а министерот се уште нема поим зошто салите за операција на Хирургија не работат. Важно знае дека воздухот не бил компромитиран, ама смрдело.

Почитувани,

Хаосот со воздухот не е единствен проблем на Хирургија. Од вчера и апаратите за компјутерска томографија и РТГ не работат! Ова е известувањето со кое што се бара разбирање за пациентите да се упатуваат кон други здравствени установи во градот!

Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е се само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија.

Патем, знае ли министерот Илир Демири, дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег? Дали Илир Демири се уште смета дека поважно е да му измине времето како министер без да се замери со ДУИ и СДС или треба веднаш да побара одговорност?

Накусо ќе ги сублимирам проблемите на Хирургија: 12 дена нема операции заради лош мирис иако министерот тврди дека воздухот не е компромитиран, не работат лифтовите, фирма моли за услови да се исполнат преземените обврски на тендер, сега и компјутерите за томографија и РТГ се исклучени, а раководството со економскиот директор заминале на францускиот Азурен брег!?

Сето ова не остава простор да се гледа како на инцидент, туку е резултат на целосна негрижа со напластени проблеми.

Почитувани,

Оставштината на СДС и ДУИ во здравството до крај го покажува вистинското лице. Сето ова не смее да заврши со обвинувања на некој нов кабел. Одговорност мора да има, вклучително и етичка и професионална.

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“