Утрински Весник
Македонија

За три години граѓаните рециклирале 10 милиони шишиња и лименки

Post Vending.png

10 милиони шишиња и лименки се собрани во повратните вендинг машини на Пакомак од
нивното поставување во 2021 година. Оваа информација ја споделија од Пакомак, првата и водечка
компанија за управување, селекција и рециклирање на отпадната амбалажа во Македонија.

Ова е голем успех на сите наши сограѓани! Среќни сме што за 3 години ја постигнавме
оваа бројка. Собраните шишиња и лименки во вендинг машините се чист отпад кој потоа може
да се рециклира и повторно да се искористи за добивање на пластично шише за пијалок. Важно
е дека граѓаните ја препознаваат потребата за паметно управување со отпадот и дека
одвојуваат од своето време за рециклирање. Во оваа прилика, изразуваме голема благодарност
до Швајцарската Амбасада за долгогодишната и континуирана поддршка за нашите заложби,
изјавија од Пакомак.
Пластичните шишиња и лименки кои се одложуваат во повратните вендинг машини можат
повторно да се рециклираат во амбалажа. Имено, ПЕТ пластичното шише може да се рециклира и
тој материјал да се искористи за производство на исто такво шише, а со тоа се заштедува околу 60%
од емисиите на СО2. Тоа се најновите ЕУ стандарди на циркуларната економија и барања кои што
треба и ние да ги практикуваме, односно од пластично ПЕТ шише повторно да добиеме ПЕТ шише
за иста намена со цел што е можно помалку да користиме материјали од природата за производство
на амбалажата.
За сите оние кои сѐ уште не започнале да селектираат пластични шишиња и лименки од
пијалоци во повратните вендинг машини тоа можат веднаш да го направат со превземање на
Пакомак Екомак апликацијата на следниот линк. https://bit.ly/3V2ZdzJ
Исто така, на следниот линк https://bit.ly/4e1g92A граѓаните можат да се информираат каде
можат да ја најдат најблиската повратна вендинг машина на Пакомак.
Од компанијата велат дека и понатаму продолжуваат со ширење на мрежата и поставување
на нови повратни вендинг машини низ земјата, како и континуирано да превземаат едукативни
акции и кампањи со цел подигнување на јавната свест и едукација за здрави зелени навики и
паметно управување со отпад.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село

Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци