Утрински Весник
Свет

ЈАР: Ситуацијата во Газа ја оправдува нашата жалба до МСП против Израел за геноцид

Gopfzfxwsaa7fx5 Scaled.jpg

Јужноафриканската Република (САР) го осуди нападот на Израел врз шаторскиот камп во Рафа, јужна Газа, тврдејќи дека сегашните услови во Газа го оправдуваат нејзиното тврдење за геноцид против Израел пред судот на ОН.

„ЈАР ѝ се придружува на меѓународната заедница во осудувањето на жалните и брутални напади врз невините цивили откако израелските сили бомбардираа камп со раселени Палестинци во одредена безбедна зона во Рафа“, објави Одделот за меѓународни односи и соработка (ДИРКО).

Во соопштението за печатот се додава дека „страшните напади следеа два дена откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) нареди суспензија на офанзивата во Рафа.

Минатата недела, МСП го поддржа барањето на JAR да му нареди на Израел да ја прекине офанзивата дури и откако Преторија го обвини Израел за геноцид. Израел категорично ги отфрла обвинувањата на JAР.

Во соопштението, DIRCO прашува „до кога меѓународната заедница ќе го гледа уништувањето на целото население пред светот да реагира против овие сурови и непрестајни напади“.

Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, вчера соопшти дека во израелски воздушен напад врз Рафа, загинале најмалку 45 лица, главно жени и децаво шаторска населба за раселените.

Претходно, Хамас лансираше ракети кон Тел Авив, а израелската војска соопшти дека нејзините авиони го нападнале комплексот на Хамас во Рафа, каде што дејствувале истакнати терористи на Хамас, и дека „нападот бил извршен против легитимни цели според меѓународното право, користејќи прецизна муниција и на прецизни разузнавачки информации кои укажуваат на употребата на Хамас на областа“.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30