Утрински Весник
Магазин

,,Кирилица” на Влатко Стефановски во ново издание на Јовица Михајловски

Whatsapp Image 2024 05 23 At 6.06.27 Pm 1024x575 1.jpeg

Популарниот хит на Влатко Стефановски – „Кирилица“ доби нова изведба преку
интерпретацијата на актерот Јовица Михајловски, специјално за настанот „Боцкаме на
Кирилица“ кој се случи во КЦ Бруталиск во Скопје во организација на Трн во чест на Денот на
сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, според кои е именувано нашето кирилично
писмо, а кои се основоположници на глаголицата.

„Еј, Би, Си, Ди, И, Еф, Џи

Учиме странски јазици,

Но најважно од се е

А,Б, В, Г, Д, Ѓ, Е

Да не ги заборавиме,

Нашиот јазик е македонски

Нашето писмо е кирилско,

Во аманет ни е оставено пред многу векови,

За многу  векови- Кирилица.“

Концептот и идејата за оваа преработка на „Кирилица“ како и за видео спотот се на Јовица
Михаловски, на текст и музика на Влатко Стефановски, а музичката реализација на Бранко
Тасевски – виолина, Христијан Пазарковки –хармоника, Климент Петрески- гитара и Јован
Пазаркоски –контрабас.

Режијата и продукцијата се на Дениз Абдула и редакцијата на Трн.

Можете да прочитате

Сендвич за појадок или за ручек, Wolt ги открива интересните навики на Македонците

Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени