Утрински Весник
Свет

Иранска армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот

20240524110512 Big 730x400 1.webp.webp

Хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси се запали набргу откако се урнал на планина и нема индиции дека бил нападнат.

Ова го објави иранската армија во соопштение што доцна синоќа беше прочитано на државната телевизија.

Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, како и шест други официјални лица и членови на екипажот загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран.

Во соопштението на Генералштабот се наведува дека немало ништо сомнително во комуникацијата меѓу контролната кула и екипажот на хеликоптерот пред падот.

Се додава дека нема индикации дека во него било пукано, ниту дека го сменил правецот на движење.

Раиси беше погребан вчера во храмот Имам Реза во Машхад. 

Можете да прочитате

Четири лица починаа по труење со печурки во САД

Градоначалникот на Њујорк забрани влез на ICE во училиштата и болниците

Кина го тестира најголемиот електричен брод во светот: Превезува 740 контејнери без капка гориво