Утрински Весник
Свет

Трамп: Ники Хејли би можела да биде во мојот тим

Tramp.jpg

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека поранешната републиканска кандидатка Ники Хејли би можела да биде во неговиот тим откако таа рече дека ќе гласа за него.

„Го ценам она што таа го кажа“, изјави Трамп за Лонг Ајленд Њуз 12 во четвртокот по предизборниот митинг, нарекувајќи ја Хејли „способна личност“, објави телевизијата АБЦ.
Телевизијата не потсетува дека за време на изборната кампања Трамп често ја критикуваше интелигенцијата на Ники Хејли.

Хејли во средата рече дека на претседателските избори во ноември ќе гласа за Трамп, кој беше нејзин ривал на партиските прелиминарни избори.

Таа нагласи дека Трамп мора да работи за да ги придобие нејзините гласачи, пренесе Гласот на Америка.

„Ќе гласам за Трамп. Но, останувам на она што го кажав кога се откажав од прелиминарната трка – Трамп треба да допре до луѓето кои гласаа за мене, а не само да претпоставува дека ќе гласаат за него сега. И јас искрено се надевам дека ќе го направат тоа“, рече Хејли во Институтот Хадсон во Вашингтон.

Тоа беше и нејзино прво појавување во јавноста откако ја напушти трката за претседателска номинација во Републиканската партија, како и нејзино прво јавно одобрување на Трамп.

Хејли, која беше амбасадорка на САД во ОН во администрацијата на Трамп, се повлече од трката пред два месеци, но тогаш не го поддржа Трамп, туку го обвини дека создава хаос, не соработува со меѓународните сојузници и се прашуваше дали со 77 година може да биде претседател.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години