Утрински Весник
Свет

Израел: Не сме вмешани во смртта на иранскиот претседател

Izrael 1.jpg

Израел објави дека не е вмешан во смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа во која загинаа и неколку членови на неговата придружба.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан загинаа кога нивниот хеликоптер се урнал додека минувале планински терен во густа магла, потврди иранскиот потпретседател.

Иранската влада свика итен состанок за денеска по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Иранската новинска агенција Тасним јавува дека погребот на претседателот Ебрахим Раиси ќе се одржи утре во Табриз – градот во кој отпатува во неделата.

Агенцијата наведува дека ќе бидат одржани погреби и за другите осум лица кои загинаа во несреќата, мислејќи на официјални лица во иранската провинција Источен Азербејџан.

Телата најпрво ќе бидат однесени во форензичкиот оддел во Табриз.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, исто така, издаде официјална изјава во која прогласи петдневна јавна жалост за претседателот Раиси.

Можете да прочитате

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции