Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Vreme 1.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време, а во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. 

Можете да прочитате

Муцунски во посета на САД

Холанѓани со дрон ја снимале касарната Илинден

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит