Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници

Si Anovska Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот: поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.  

Сиљановска Давкова беше инаугурирана на 12 мај во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата. Сиљановска Давкова е шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција. 

Можете да прочитате

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Премиера на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ во Галичник

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Викендов ни следува нов продор на топол воздух од Африка!