Утрински Весник
Македонија

Османи им се пожалил на амбасадори во земјава дека се компромитира изборниот процес

Osmani Ageler 1536x1023 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи во владата на заминување Бујар Османи на Фејсбук објави дека се сретнал со амбасадорите во земјава на САД, Германија, Велика Британија и Холандија на кои им изразил загриженост за „компромитирање на изборниот процес“. -Се сретнав со амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија. Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес со самоволните одлуки на Државната изборна комисија (ДИК) со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување“, пишува Османи во објавата на Фејсбук. Тој, исто така, ја изразил и неопходноста од почитување на Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа и европската иднина на земјата.

Можете да прочитате

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси