Утрински Весник
Свет

Грузија: Физичка пресметка во парламентот пред гласањето на законот „за странски агенти“

May 14 1.webp.webp

Физичка пресметка се случи денеска во Парламентот на Грузија за време на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“, кога членовите на парламентарното мнозинство физички го нападнаа пратеникот од опозицијата Леван Кабеишвили откако тој изјави дека власта ja „продавa Грузија на Русија“.

Седницата продолжила и по конфликтот, пренесува Интерфакс. Правната комисија на Собранието вчера го усвои предлог-законот без учество на опозицијата, додека во близина на зградата беа уапсени 20 демонстранти кои протестираа против законот.

Парламентот на Грузија на 1 мај во второ читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“, со кој се предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да бидат регистрирани како „застапници за странски интереси“.

Ваквиот закон минатата година беше напуштен поради масовни протести, но во април годинава владејачката партија „Грузиски сон“ предложи речиси идентичен закон, со промената наместо терминот „застапник за странски интереси“ да се стави терминот „организација која работи за странски интереси“.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, претходно ја повика Грузија да го повлече овој нацрт-закон од процедурата, додека претставниците на Европската унија предупредија дека неговото усвојување ќе биде сериозна пречка Грузија да стане членка на ЕУ.

Министерството за надворешни работи на Грузија на 2 мај потврди дека премиерот Иракли Кобахиџе одбил да ги посети САД, откако американската страна поставила услов да ја прекине расправата за нацрт-законот,

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот