Утрински Весник
Свет

Кина и Франција ќе соработуваат во реставрацијата на Нотр Дам

Do9ocxebn8m47uiguzwz.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кина и Франција ќе работат заедно на реставрирање на катедралата Нотр Дам во Париз и заштита на кинеските воини од теракота.

Според Музејот на царскиот мавзолеј Чиншихуанг во провинцијата Шанкси, заедничкиот истражувачки потфат со Француската научна фондација за културно наследство главно ќе се фокусира на заштита на дрвени остатоци и земјени археолошки локалитети.

Соработката започна со документ за соработка за реставрација на Нотр Дам, кој беше потпишан во ноември 2019 година, пренесува Медиабиро.

И Нотр Дам и Мавзолејот на императорот Чиншихуанг се на листата на УНЕСКО.

Во 2019 година, катедралата Нотр Дам беше зафатена во огромен пожар што предизвика голема штета на нејзината дрвена конструкција. Оттогаш, катедралата е затворена, а треба да биде отворена во декември 2024 година.

Можете да прочитате

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите