Утрински Весник
Економија

НБРМ: Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто

Angelovska Bezhoska 696x464 1.webp.webp

Економски раст од 2,6 % годинава и 3,6 % следната година–Народна банка со надолни корекции за растот на македонската економија во најновиот квартален извештај, наспроти октомврските очекувања, кога се предвидуваше раст од 3 % годинава и 4 % следната.

Ваквите бројки според гувернерката Анита Ангеловска Бежоска се должат на послабите остварувања минатата година и бавното спроведување на инфраструктурните проекти.

Инфлацијата останува на 3,5 проценти, со очекување дека во следните две години таа ќе се сведе на историскиот просек од 2 проценти. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, вели иако во моментов нема, во следниот период се очекува и пад на цените на храната.

„Според меѓународните финансиски институции се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година што секако остава простор за одредени надолни корекции кај цените на храната, но како што знаете ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори, “-изјави Анита Ангелоска – Бежоска – Гувернерка на НБРМ.

Во однос на најавите на идниот мандатар Христијан Мицкоски, дека државата планира ново задолжување, од странска држава, по принципот Влада со Влада, во вредност од 1 милијарда евра, Бежоска вели во време кога се уште постојат економски ризици мора да се внимава при задолжувањата. Важно е, според Народната банка, фокусот да се стави на соодветни извори за финансирање.

„Клучното во услови кога мешународните финансиски пазари се се уште затегнати, каматните стапки се се уште високи клучно е да се задолжуваме , се разбира прво намената мора да биде оправдана нешто што ќе го зголеми потенцијалот на државата и второ да се фокусираме на извори кои што ќе обезебедат поволни концесионални услови за финансирање на нашата економија, а меѓународните финансиски институции вообичаено обезбедуваат такви услови за финансирање, секако ако има и други такви извори треба да се зеамт во предвид,“- изјави Анита Ангелоска – Бежоска – Гувернерка на НБРМ.

Денарот е стабилен, таков и ќе остане. Од Народната банка посочуваат дека во втората половина од годината постои можност за олабавување на монетарната политика, но тоа ќе зависи повеќе фактори.

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм