Утрински Весник
Свет

Борел и Мишел: Неприфатливо е израелско принудување на цивили да се евакуираат од Рафа

Charles Michel Borrell Rusia Guerra Paz Scaled 1.jpg

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел изјави дека Израел е должен, во согласност со меѓународното право, да ја обезбеди безбедноста на цивилите во градот Рафа на југот на Појасот Газа.

Неприфатливо е да се принудат цивилите да го евакуираат Рафа“, напиша Борел на мрежата Х.

Тој го повика Израел да не ја продолжи копнената операција во Рафа, нагласувајќи дека тоа дополнително ќе ја влоши и онака тешката хуманитарна криза.

И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел оцени дека се неприфатливи наредбите на израелските власти за евакуација на цивилите од Рафа, јужно од Појасот Газа, поради офанзивата врз тој град.

„Ја повикуваме израелската влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и бараме да не презема копнена операција во Рафах. Премините мора да бидат целосно функционални и да овозможат испорака на суштинска хуманитарна помош до гладните палестински цивили“, рече Мишел во објавата на Платформата Х.

Вчера израелската армија ги повика жителите на населбата во централниот дел на Рафа да се евакуираат додека таа ја продолжува операцијата против Хамас во тој град.

Израелскиот воен кабинет во четвртокот вечерта одобри „ограничено проширување“ на воената операција во Рафа.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (УНРВА) соопшти дека околу 300.000 луѓе биле погодени од наредбите за евакуација во Рафа и Џабалија, но дека бројките веројатно ќе бидат поголеми бидејќи станува збор за густо населени области.

 Околу милион Палестинци, кои избегаа од конфликтот во други делови на Појасот Газа, најдоа засолниште во Рафа

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж