Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје без проблеми стаса до финалето во мак-баскетот каде ќе ја брани титулата

Mzt.jpg

Актуелниот шампион на Македонија во кошарка МЗТ Скопје се пласира во финалето од разигрувањето за титулата, откако вечерва во серијата кој прв до три победи со максимален скор го елиминира ТФТ (72:58). МЗТ Скопје ќе ја брани титулата со подбриот од другата полуфинална пресметка меѓу Пелистер и Работнички. Средбата со СРЦ „Кале“ навивачите на МЗТ Скопје, ја искористија да се збогуваат со еден од своите основачи, Марјан Михајловски (53), кој ненадејно почина вчера, а кој изминатава деценија беше и дел од клубот од Аеродром. Сите на трибината беа во црни маици, а така на теренот истрчаа и кошаркарите и членовите на стручниот штаб на „металците“. Со дополнителен мотив актуелниот шампион кој брзо дојде до двоцифрена предност во првата четвртина (28:18), која ја одржуваше и зголемуваше до крајот. Марко Баковиќ со 14 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, а истиот скор кај поразениот тим имаше Давид Хотон. МЗТ Скопје по 18. пат ќе се бори за титулата, каде што ќе го брка 11. трофеј.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024