Утрински Весник
Македонија

Во Собранието ќе има 30 пратеници етнички Албанци, во минатиот состав имаше 32 мандати

Img 7933.jpeg

Собранието ќе има 30 пратеници – етнички Албанци.кои доаѓаат од коалициите Европски фронт, ВЛЕН како и еден од СДСМ, објави ТВ21. Во минатиот состав изгласан во 2022 имаше 32 мандати кои им припаѓаа на албанските пратеници.

Најголем дел од Албанците доаѓаат од изборната единица 6. Тука се избрани седум пратеници од редовите на коалицијата предводена од ДУИ, а исто толку народни претставници има и од ВЛЕН.

Во ИЕ 5 од Европскиот фронт има три мандати, ВЛЕН обезбеди само еден мандат. Во ИЕ 2 Фронтот доби 4 пратеници, додека ВЛЕН има 3. Од единица 2 пратеник е избран и Фатмир Битиќи од листата на СДСМ. Во изборната зона 1 двете коалиции од албанскиот блок имаат по двајца претставници.Според последните податоци на Државната изборна комисија(ДИК) од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандари.

Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија