Утрински Весник
Македонија

Вархеји и ја честиташе победата на Сиљановска Давкова: Да ги забрзаме реформите за придвижување на пристапните преговори 

Varhe I.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на вчерашните претседателски избори.

– Честитки за новата претседателка на Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори, наведе Вархеји во честитката на платформата Икс.

Сиљановска Давкова во одговор на објавата му се заблагодари на Вархеји на честитката, изразувајќи подготвеност за соработка во остварување на „најважниот македонски стратешки проект“.

– Ви благодарам многу, господине комесар Оливер Вархеји! Како еден од основачите на Европското движење во Македонија и поранешна Југославија, со нетрпение очекувам да работам со Европската комисија за го завршиме најважниот македонски стратешки проект, истакна Сиљановска Давкова

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен