Утрински Весник
Свет

Турција: Офанзивата во Рафа уште едно воено злосторство на Израел

Download 3.jpg

Потпретседателот на Турција Џевдет Јилмаз денеска изјави дека Израел извршил уште едно воено злосторство со тоа што извршил копнена офанзива во градот Рафа на југот на Газа.

„Со спроведување на копнена офанзива во Рафа, само еден ден откако Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот од Катар и Египет, Израел додаде ново воено злосторство на оние што ги изврши на палестинските територии од 7 октомври“, напиша Јилмаз на платформата X.

Тој додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „сите оние на власт кои молчат ќе одговараат пред човештвото“.

Јилмаз најави дека Турција ќе направи се за да ја казни израелската влада за кршење на меѓународното право.

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека презела оперативна контрола над палестинската страна на јужниот премин Рафа во Газа, кој граничи со Египет.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж