Утрински Весник
Македонија

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион 

6 Karavan Ti Si Na Red Dik 2024.jpg

Караванот на Државната изборна комисија, како дел од кампањата „Ти си на ред“, започна на 18.04.2024 и досега посети различни општини низ државата,  во сите изборни единици. Гласачите во Штип, Конче, Струмица, Куманово, Студеничани, како и Скопје (општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Центар), се здобија со информативни и едукативни материјали во склоп на караванот, со цел едукација и правилна информираност за гласачките права на секој гласач на претстојните избори. Дополнителни места, коишто беа посетени беа и Старо Нагоричане, Тетово, Теарце, Пласница, вклучувајќи ја и крајната станица на караванот, Битола и Градско.

ДИК во склоп на самиот караван, преку споделениот едукативен материјал за гласачките права за претстојните избори, ги едуцираше граѓаните и за двата изборни циклуси. Од сите реализирани посети, голем број од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа едукативните информации, кои ги делеа претставници на Државната изборна комисија.

Покрај врачените промотивни материјали, пораката „Ти си на ред“ допре до граѓаните и на поинаков начин, со инсталација во форма на семафор, каде свети „зеленото светло“ за секој гласач да го даде својот глас на претстојните избори.

Воедно, сите љубители на смарт уреди, имаа можност и преку QR код да ја скенираат семафор-поставката за време на караванот и да се информираат дополнително за своите гласачки права онлајн, на официјалната веб страница на www.sec.mk.

На 08.05.2024, секој гласач е на ред да ја искористи својата можност тајно и слободно да го даде својот глас, преку заокружување на редниот број на гласачкото ливче.

Државната изборна комисија преку едукативната и информативна кампања – „Ти си на ред“, упатува апел кон сите гласачи дека нивните лични гласачки права се загарантирани.

Вториот круг на Претседателските избори ќе се одржат во ист ден со Парламентарните избори, на 08.05.2024 година.

И за Претседателските и Парламентарните избори, Програмата за поддршка на изборите на Владата на Швајцарија, спроведена од  Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС, (International Foundation for Electoral Systems – IFES)  ја поддржува кампањата на Државната изборна комисија „Ти си на ред“, со цел едукативните и информативните материјали да стигнат поблиску до населението од руралните средини, како и до маргинализираните групи.

Доколку сѐ уште не го направиле тоа, гласачите имаат можност да ги проверат нивните податоци во Избирачкиот список на следниот линк:  https://www.izbirackispisok.gov.mk/.

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче