Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години

Velebrdo 3 Scaled.jpg

„Јас сум за ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обвнвинители. И тоа зборувам од 90 тите години. Немојте да заборавите и да ја замајувате јавноста дек акога предлагате членови на судски совет вие ги бирате нив, гги предлагате пред собранието, ако таму немате согласност од мнозинството кое го прави собранието, тие нема да бидат избрани. Дали е подобро да немате избран кандидат, или да направите координација и да кажете ова е мојот предлог, дали аќе го гласате? Инаку во однос на ветинзите кај уставниот судија на пример, кој го цитира госпоѓата доста често Дарко Костадиновски, тој не поминал ниту еден ветинг, бидејќи беше партиски потрчко во кабинетот на Ѓорѓи Иванов,“ истакна во реплика престедателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на дуелот со против кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова на ТВ Телма.

Во однос на директорите на Агенцијата за разузнавање и на АНБ, Пендаровски посочи дека имаат поминато најјак можен ветинг затоа што сме членки на НАТО. И дека сите членки на НАТО во таа зона која ја покриваат ги одобриле.Тој посочи на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога први братучеди се ставаа на чело на оваа институција.

„Ако алудирате на претседателката на судскиот совет, цела Европска Унија и Европска Комисија во Скопје се покрена да ја врати отакакао беше нелегално разрешена. Прашајте го амбасадорот Гир и кого сакате, кои кажаа дека таа мора да се врати на чело на судскиот совет. Инаку мојот претходник предлага човек за судски совет, тогашното парламентарно мнозинство вели не доаѓа во предвид и го држи во фиока, и нема комплетен состав на судскиот совет. И тоа е подобро? , посочи Пендаровски во контра реплика на Силјановска.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика