Утрински Весник
Свет

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

20240430175710 Big 730x400 35.webp.webp

Меѓународниот суд на правдата во Хаг (ИЦЈ) денеска го отфрли барањето на Никарагва да и наложи на Германија да ја прекине воената и друга помош за Израел и да го врати финансирањето на хуманитарната агенција на ОН во Појасот Газа.

Според највисокиот суд на Обединети нации не се исполнети законските услови за донесување таква наредба.

На сослушувањата за случајот, Германија тврдеше дека извезувала многу малку оружје во Израел откако земјата ја почна офанзивата врз Појасот Газа, по смртоносниот напад на палестинските екстремисти на Хамас во јужен Израел на 7 октомври.

Никарагва, долгогодишен сојузник на Палестинците, тврдеше дека Германија го овозможува геноцидот во Појасот Газа со испраќање оружје и друга поддршка на Израел.

Тужбата на Никарагва против Германија е последниот правен обид на земја со историски врски со Палестинците да ја запре израелската офанзива.

На крајот на минатата година, Јужна Африка го обвини Израел за геноцид пред ИЦЈ. И двата процеса беа започнати во време кога сојузниците на Израел се соочуваат со зголемени апели да престанат со снабдување со оружје за Израел.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина