Утрински Весник
Свет

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето

Tramp 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат Доналд Трамп му се суди за обид да го купи молкот на поранешната порно ѕвезда Сорми Даниелс неколку дена по изборите во 2016 година на кои тој ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Судијата Хуан Мерчан рече дека Трамп е казнет со 9.000 долари поради кршење на забраната за коментирање на сведоци. Обвинителите го обвинија поранешниот претседател дека постојано ја прекршувал забраната за коментирање и побараа од судијата да го казни со 1.000 долари по прекршок, пишува Гардиен.

„Со ова го предупредуваме обвинетиот дека судот нема да толерира понатамошно кршење на правните наредби.

Според забраната, Трамп не смее да дава, или да наложува други да даваат јавни изјави за сведоците на судењето, обвинителите и членовите на судскиот персонал. Пред судењето, судијата Мерчан ја прошири оваа забрана за коментирање на членовите на семејството откако Трамп напиша објава за ќерката на Мерчан.

Трамп мора да отстрани седум навредливи објави од социјалната мрежа „Вистина“ и две објави од неговата веб-страница на кампањата до 14:15 часот.

„Го предупредуваме обвинетиот дека судот нема да толерира натамошно кршење на законските наредби и дека доколку е потребно и соодветно со оглед на околностите ќе биде осуден на затворска казна“, се вели во наредбата на судот.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа