Утрински Весник
Македонија

ДИК со упатство: На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

Izbori 2020.jpg

Државната изборна комисија (ДИК) донесе упатство со кое на граѓаните им се укажува дека ако се одлучат да гласаат само на едни избори, потоа нема да можат да се предомислат и да се вратат да гласаат за другите избори. Ова е едно од изборните правила коишто ќе важат на денот на изборите на 8 мај кога треба да се одржи вториот круг на претседателските избори и првиот круг на парламентарните избори во земјата. 

Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски граѓаните треба да знаат дека имаат право да гласаат за двата вида избори или само за парламентарни или само за претседателски избори.

„Граѓанинот ќе може да дојде само еднаш и да гласа и за двата избора. Постапката е следна: кога ќе дојде, прво ја дава личната карта да се види дека е тој, потоа оди на биометриска идентификација, потоа го бараат во списокот да го заокружат и му даваат ливчиња. И потоа оди да гласа“, вели Даштевски.

Но, важно е граѓаните, кога за тоа ќе бидат прашани на избирачкото место, да имаат прецизен одговор дали ќе гласаат само за едните или и за претседателските и за парламентарните избори, бидејќи потоа нема да можат да се предомислат. Тоа е битно, бидејќи за претседателските избори има цензус.

„Претпоставувам дека најмногу ќе гласаат за двата, а може да се случи и само за парламентарните избори, бидејќи знаеме дека излезноста и интересот таму е многу поголем“, вели Даштевски.

Можете да прочитате

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти