Утрински Весник
Македонија

Кацарска: Судот ја покажува хуманата страна, над 30 вработени даруваат крв по повод 60 години Уставен суд

Screenshot 30 4 2024 102829 Www.facebook.com .jpeg

Со дарување крв вработените во Уставниот суд слават 60 години постоење на судската установа. Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вели дека крводарителската акција е само една од акциите кои ќе ги спроведат за одбележувањето на јубилејот. -Уставниот суд на Република Северна Македонија оваа година слави значаен јубилеј. Тоа е 60 години од постоење на судот. Веќе беше најавено дека во текот на целата година во Судот ќе се преземаат најразлични активности токму заради одбележување на овој значаен јубилеј. Самите вработени дадоа идеја една од акциите кои ќе се спроведуваат во Судот да биде и крводарителската акција, што значи Судот ја покажува и онаа хумана страна. Повеќе од половина од вработените се пријавија за давање крв, што значи од вкупно 60 вработени повеќе од 30 денес се согласни да дадат крв, рече претседателката Кацарска. Крводарителската акција е под мотото „Биди хуман спаси живот“, а ја реализира Црвениот крст на Македонија.

Можете да прочитате

Со мопед излетал од пат кај Свети Николе

Формирано Здружение на металурзи – експертите бараат науката да има поголем глас во дебатата за рударството

ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме