Ппеработените пијалоци вклучуваат широк спектар на пијалоци кои поминале низ различни производствени процеси. Овие пијалоци често содржат додадени шеќери, вештачки ароми, конзерванси и други адитиви за подобрување на вкусот, изгледот и рокот на траење. Иако изгледаат погодни, уживањето во преработени пијалоци може да има негативни ефекти врз здравјето на цревата и да придонесе за акумулација на висцерална маснотија. Докторот др. Блејн Тесфу и диететичарот и нутриционист Лорен Харис-Пинкус откриваат два такви пијалоци.
Енергетски пијалоци
Енергетските пијалоци, кои често се конзумираат за брзо зголемување на енергијата, може да имаат негативни ефекти врз здравјето на цревата и да придонесат за акумулација на висцерални масти. Полни со кофеин, шеќер и вештачки адитиви, овие високо преработени пијалоци можат да ја нарушат деликатната рамнотежа на бактериите во цревата, што доведува до воспаление и дигестивни проблеми.
Високата содржина на шеќер во енергетските пијалоци, исто така, може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да го промовира складирањето на маснотии, особено висцералните масти, доколку се консумираат прекумерно.
„Енергетските пијалоци можат да предизвикаат гастритис, воспаление и дијареа. Плус, тие можат да предизвикаат нервоза и да ја зголемат анксиозноста“, вели Харис-Пинкус за SheFinds.
Алкохол
Алкохолот вклучува различни видови, од пиво и вино до алкохолни пијалаци како вотка и виски. Прекумерното внесување може да доведе до штетни ефекти по здравјето на цревата, да придонесе за таложење на маснотии околу стомакот и други сериозни здравствени проблеми, предупредува докторот.
Одредени видови на алкохол, особено оние богати со шеќер и калории, како што се зашеќерените коктели и виното, може да го оштетат здравјето на цревата и да промовираат воспаление, што на крајот доведува до дигестивни проблеми и зголемување на телесната тежина.
„Прекумерното консумирање алкохол може да го наруши балансот на цревните бактерии, што доведува до дисбиоза и нарушувања на дебелото црево. Исто така, редовното консумирање алкохол е поврзано со зголемен ризик од воспалителни болести на цревата, како што се Кронова болест и улцеративен колитис“, заклучува Тесфу.