Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: И во најголемата економска и енергетска криза, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше македонското собрание

Bisera Kostadinovska Sto Chevska Na Nastanot Vo Kichevo Kade Sdmm Go Promovira Svo Ot Manifest 6.jpeg

„Ако ова е наша грешка, тогаш што беа 10-те години кога се опустошија, кога владееја со страв заплашуваа, заќутуваа, и со претходно нарачани днесвни вести. Не покажаа интерес и грижа за граѓаните кога беше најпотребна, и во најголемата економска и енергетска криза, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше македонското собрание, уценуваше, бараше предвремени избори, само за лични интереси,“ рече Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и носителка на листа во ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на граѓанскиот митинг во Крушево, осврнувајќи се на зголемените плати, пензии, минимална помош, изградба на градинки во времето на СДСМ изминатите 7 години.

Таа порача дека само СДСМ, е партијата која се темели на вистинската социјадемократска идеја и мисла, сите други само манипулираат. И посочи дека нема ништо социјалдемократско туку само желба да се прибеарат гласовите од вистинските социјалдемократи, и тоа не смее да им се дозволи.

„Вчера беше 27 Април, ден кога пред 7 години, задскриени зад насилници извршија упад во законодавниот дом. Подло и секогаш зад некого. Крв течеше во собранието, а тие зборуваа за слобода, и демократија. Затоа ние сме од нив различни. Затоа што си ја сакаме државата. Си ги почитуваме сите граѓани, не бегаме од проблемите, туку се соочуваме со нив Да потсетам премиерите на СДСМ се сите тука, ниту еден не побегна,“ порача Костадиновска –Стојчевска.
Таа подвлече дека на 8 Мај не е потребен вулкан, на 8 Мај се неопходни гласови, за спокојна, безбедна, слободна и држава со иднина.

„На 8 Мај да се потсетиме дека со пенкало турнавме режим и дека не смееме сега да се откажеме. Затоа што ние немаме резервни татковини како нив. И за нас Македонија е единствената адреса. На 8 Мај гласаме 1, за Стево Пендаровски, 1 за СДСМ. За македонската култура во Европа,“ порача Костадиновска- Стојчевска од Крушево.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег